Успешно функционира проектот „рурален лекар“ во општина Кавадарци
Проектот „рурален лекар“ успешно функционира од почетокот на оваа година на подрачјето кое го покрива ЈЗУ Здравствен дом Кавадарци.Покриени се сите населени места во општината каде жителите немаат матичен лекар.
„Имаме овластен лекар за оваа . Ги покриваме населбата Глишиќ, селата Сопот, Дреново, Возарци, Шивец, Манастирец, Трстеник, Бегниште, Ресава . Руралниот лекар го има насекаде за да пружи лекарска помош на лицата кои имаат потреба од лекарска интервенција. Во населените местакаде нема матичен лекар, проектот рурален лекар функционира преку пунктови, а на дел имаме покриеност со патронажна сестра“ рече директорот на ЈЗУ Здравствен дом Кавадарци д-р Никола Трендафилов и најави дека ово ј проект ќе се реализира и во наредниот период.
Заради обезбедување здравствена заштита на осигурените лица и во руралните средини, работењето на руралниот лекар го организира Здравствениот дом. Сите пружени услуги од страна на руралниот лекарски тим се бесплатни, освен за аплицирана ампуларна терапија за која се наплатува партиципација.
