Родот на грозје е преполовен, лозарите се надеваат на повисока цена

Објавено на 25 август, 2014 во 12:12

Речиси двојно е намален родот на грозје во тиквешко годинава. Тоа според лозарите и стручните лица се должи на климатските промени кои дадоа придонес во развојот на болести и штетници. И покрај тоа што производителите прскаа за да го заштитат грозјето и лозата, сепак штетите од пламеницата се најголеми.

“Вложивме многу повеќе пари годинава за да заштитиме квалитетно, но болестите беа посилни. Родот ни е намален, а има и производители кои речиси и нема што да наберат за да продадат“ се жалат лозарите.

Тие се надеваат дека сепак годинава визбите ќе ги прифатат нивните барања за повисока откупна цена на грозјето, бидејќи тоа што го произвеле е третирано со средства за заштита повеќе пати, а со тоа и нивните трошоци во производството биле поголеми.

Бараат смедервката да се откупува по  11 до 13 денари за килограм,  а  за вранецот визбите да платат 13 до 15 денари. Ваквите барања за визбите не се прифатливи. Велат дека тоа е префорсирана цена  за сортата „вранец“ што за винарниците е преголема цена. Сметаат дека регуларно би било и годинава грозјето да се откупува по лански цени.

„Вваквата политика на винарите е  погубна за лозарството. Не е добро  тоа што и винарниците го девалвираат родот кој годинава и онака поради времето е преполовен“ рече претседателот на „Агротиквешија“, Љупчо Аризанов./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.