Отежнато ќе биде асфалтирањето на улиците во Кавадарци

Објавено на 24 септември, 2014 во 11:41

До крајот на годината поради низа околности асфалтирањето на улиците во градот ќе биде отажнато,или воопшто нема да се асфалтира,  информира градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов. Активностите од комуналната изградба за средување на улиците ќе продолжело следната година со почетокот на градежната сезона, останатите активности од комуналната изградба опфатени во програмата ќе реализирале според планираното.

„Во годината кога се организираа вонредните парламентарни избори, сите активности за спроведување на тендерски  постапки во јавните набавки на општината беа забавени се до крајот на мај.  Потоа општината распиша постапка за склучување догоовр  за јавна набавка за асфалтирање на улици. Но, со жалење можам да констатирам дека на тој тендер бројот на кандидати беше понизок  од минималниот број предвиден со постапката. Поради тоа општината беше принудена да ја поништи тендерската постапка, и се започна со нов тендер кој сеуште е во тек“ објаснува Панов поради  кои проблеми е отежнато асфалтирањето на улици.

Како што нагласи, законската регулатива за подобрување на финансиската дисциплина во делот на јавните набавки претрпела измени со цел подобрување на конкуренцијата.

Во најоптимистичка варијанта сегашниот тендер би завршил на крајот од следниот месец, но доколку има жалби од кандидатите рокот дополнително ќе се одложи  до средината на ноември. Според градоначалникот тогаш било неможно да се асфалтира бидејќи производството на асфлатна маса завршувало на 15 ноември.

„Јас лично, како и општината упатуваме извинување кон граѓаните за настанатиот проблем. Превземаме обврска од почетокот на наредната градежна сезона да ги спроведиме сите потребни мерки  и активности за интензивна комунална изградба во делот на асфалтирање на улиците“ рече Панов./A.Д

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.