Во Кавадарци поставени мобилни тоалети
На повеќе локации во Кавадарци се поставуваат мобилни тоалети со цел да се подобри јавната хигиена во градот. Станува збор за тоалети изработени од пластика, а дизајнирани за користење во урбани средини. Вакви барања добила општината од граѓаните.
„Во оваа пробна фаза ќе бидат распоредени вкупно шест кабини. Две кабини се поставени на паркингот кај поранешна „Стоковна куќа“ во центарот на градо, два тоалети на кејот кај мостот кај јаворот, а уште еден комплет ќе биде поставен кај стариот кружен тек. Општината го превзема овој чекор за подобрување на јавната хигиена во градот, а локациите се избрани врз основа на сознанијата дека на овие три места особено во ноќните часови се врши нуждаа од страна на граѓаните. Со цел да се заштити околината, сега ги поставуваме мобилните тоалети кои ќе бидат непрекинато на располагање, без надомест“ објануваат од локалната самоуправа и нагласуваат дека пробниот период ќе трае три месеци.
Локалните власти велат дека поставувањето на мобилни тоалети не ги одвраќа од намерата и идејата да се изградат класични јавни тоалети. Во моментов во кавадарци има само еден таков кој е лоциран на градскиот зелен пазар.
Во моментов се користат мобилните тоалети, како што велат од општината, бидејќи имаат предност во одржувањето, а е и похигиенско решение./А.Д
