ФОТО: Саем за вонучилишни активности во Кавадарци

Објавено на 15 октомври, 2014 во 13:45

Околу 4000 основци од училиштата во Кавадарци денеска имаа можност да се запознаат со сите понуди кои ги има во градот за да го исполнат своето слободно време, а да побегнат од пороците на денешницата.

По трет пат се одржа саем за вон училишни активности што ги нудат невладините организации и спортски клубови кои работат во Кавадарци, а го организира општинскиот совет за превенција против малолетничко престапништво.

 

Секој на свој начин, со пехари , медали, флаери, промотивни цедеа, опрема и реквизити успеа да го привлече вниманието на најмладите од основното образование кои организирано го посетија саемот.

Спортски клубови, кошарка, ракомет, фудбал, карате, џудо, атлетика, пинг понг, скијање, невладини организации, хуманитарни организации, образовни иснтитуции, детски фестивали… голем е изборот на младите за да одлучат на што ќе го трошат слободното време.

„Интересот за саемот од учениците е голем. Денеска го посетија околу 4000 ученици кои сега имаат можност полесно да се одлучат каде ќе го трошат слободното време. Сметам дека овој саем за вон училишни активности е бренд на Кавадарци, бидејќи единствено тука се организира ваква промотивна манифестација“ рече претседателот на Советот за превенција против малолетничко престапништво и инспектор по превенција, Димитар Каракулев./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.