Кавадарци се потсети на жртвите во сообраќајните несреќи

Објавено: 18 ноември, 2014, во 15:35 часот

Низ градските улици и плоштадот денеска во Кавадарци активни беа млади сообраќајци. Тие беа дел од акцијата што ја организираше полициската станица за потсетување на жртвите кои настрадале во сообраќајни несреќи. Младите сообраќајци ги потсетуваа граѓаните кои не ги почитуваа сообраќајните правила и прописи, а ги поздравуваа оние што знаат како треба да се однесуваат во сообраќајот.

„Само 9 отсто од возачите во Кавадарци го користат безбедносниот појас во возилата, покажаа резултатите од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Најдоби во почитувањето на ова обврска се возачите во Демир Капија и Радовиш“ рече Љупчо Ставревски од РСБПС кој ја следеше акцијата на младите сообраќајци и апелираше возачите секогаш кога седнуваат во возилото, задолжително да го врзат сигурносниот појас.

Од кавадаречката полиција информираа дека со денешната акција нема да завршат активностите за едукација на возачите и за подигнување на сообрќајната култура, а со тоа и намалување на жртвите во сообраќајот./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.