11 нови позитивни во Кавадарци, меѓу нив и едногодишно дете

Објавено: 27 октомври, 2020, во 15:04 часот
CJZЕдногодишно дете е најмладиот пациент инфициран во корона вирус во Кавадарци. Тоа е дел од денеска дијагностицираните единаесет случаи.

„Во последните 24 часа вирусот е дијагностициран кај 11 лица во Кавадарци. Од нив шест се жени и пет мажи. Еден од новите позитивни на возраст од 38 години е хоспитализиран во приватна клиника во Скопје. Едногодишното дете не посетувало градинка. Работиме на утврдување на контактите“ рече епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 Од денеска е зголемен бројот на термини за тестирање, но и покрај тоа термините брзо се потполнуваат./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.