Се зголемува ли бројот на ковид сомнителни и болни во Кавадарци?
2.11.2020
Вака претпладнево изгледа просторот пред ковид амбулантата на споредниот влез на болницата во Кавадарци каде помош доаѓаат да бараат пациенти со симтоми на коронавирус. Со нив се роднини или пријатели кои ги носат и им помагаат.
„Се чека во автомобили, се стои со напор да се направи социјалната дистанца од 1,5 метри од страна на голем број на граѓани како од Кавадарци така и од Неготино. Пациенти со потешка клиничка слика веднаш се примаат на инфективното одделение. Останатите со полесни симптоми сме во дворот пред споредниот влез или влезот на ковид амбулантата на болницата. Глетката покажува дека состојбата не е лесна, велат за Дума.мк граѓани на Кавадарци кои биле таму претпладнево.
Директорот на болницата во Кавадарци, д-р Диме Коцев одговори на телефонскиот повик на Дума.мк и појасни дека присуствува на итен состанок. Д-р Коцев, кого сакавме да го прашаме, каква е состојбата денеска во болницата со ковид пациенти, дали се зголемува бројот на граѓани кои бараат помош и дали тоа е само денеска или последниве денови,вети дека тој ќе не побара штом заврши со состанокот./М.Ј
