Пожар во магацински простор на фабрика за канабис во Дебриште (фото)
Објавено на 9 март, 2023 во 13:55

Против пожарните единици од Кавадарци и Неготино, ЈП Комуналец Кавадарци и Еуро никел, со повеќе од 10 возила и над 25 пожарникари брзо интервенираа во гаснењето на пожарот, кој го зафати магацинскиот дел од фабриката за канабис во село Дебриште.

Благодарение на брзата интервенција на службите, пожарот е под контрола и е спасен поголемиот дел од објектот.
А.Д
