Тиквешијата добива советувалишен центар за помош на жртви од семејно насилство (видео)
Објавено на 23 март, 2022 во 15:51
За помалку од два месеца во Тиквешијата ќе започне со работа советувалишен центар за помош и поддршка на жртви на родово базирано и семејно насилство. Станува збор за прв ваков центар во земјава.
Денеска градоначалниците на Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија, претставници од Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство и Здружение за родова еднаквост Визија Кавадарци го потпишаа договорот за овој центар кој ќе им пружи услуги на жените и децата жртви на семејно насилство. Советувалиштето ќе биде лоцирано во Општина Кавадарци.
Ангел Данов