Коки: „Постојат луѓе кои навистина живеат среќно, зашто воопшто не гледаат ТВ и не слушаат вести“

Објавено: 1 декември, 2025, во 09:50 часот

Афористичарот Никола Бошков – Коки, понеделнички и на почетокот на новата календарска зима, ги објавува напишаните нови 8 афоризми на теми од секојдневниот живот на граѓаните. Тие се напишани изминатава седмица и гласат:

„Постојат луѓе кои навистина живеат среќно, зашто воопшто не гледаат ТВ и не слушаат вести.“

„Кај нас изборите се празник на демократијата, а после празникот секогаш следува…МАМУРЛУК.“

„Некои народни избраници имаат какво-такво образование, но се стекнува впечаток дека на дел од нив, сеуште им недостига…памет.“

„Комуналните работници го исчистија сметот пред Собранието, но кој ќе се одважи да го исчисти ЃУБРЕТО внатре, во собраниската сала?“

„Вистинската љубов тропа само еднаш на врата, но многумина не успеваат да ја слушнат, зашто се зафатени со други, споредни звуци.“

„Во работата треба да се биде внимателен на почетокот, а во љубовта на крајот.“

„Во бракот најважно е разбирањето: КОЈ ПРВ ЌЕ ПОПУШТИ !“

„Брачната хармонија е едноставна: Кога едниот зборува, другиот паметно премолчува.“

Вашиот, Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.