Косовски државјанин на наплатна станица Демир Капија платил со лажна банкнота
Објавено на 10 август, 2022 во 11:35
Триесет и пет годишниот Г.Л, вработен на наплатна станица Демир Капија, во текот на вчерашниот ден во Полициска станица Неготинот пријавил дека фалсификувана банкнота од 100 евра добил при наплата на патарина од едно лице коешто било косовски државјанин.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека се работи на расчистување на случајот.