Кривична пријава против кавадарчанец, кај него пронајдена дрога
Објавено на 30 август, 2023 во 14:14

Одделение за внатрешни работи Кавадарци поднесе кривична пријава против четириесет и едно годишниот П.М од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
-На 18.11.2022 во Кавадарци, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин и пари. Исто така, истиот ден, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот домот, при што бил пронајден и одземен хероин, соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Дума.мк
