Кумановец фатен и лишен од слобода, кај Демир Капија, за илегален превоз на мигранти
Објавено на 27 октомври, 2021 во 10:55
Полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор „Михајлово“, во текот на вчерашниот ден, 27 октомври, околу 19:20 часот, кај наплатната станица Демир Капија го лишеле од слобода четириесет годишниот Ф.А од Куманово.
Тој со патичко возило „Фолксваген туран“ со кумановски регистарски ознаки, превезувал седум лица мигранти од Куба за кои било утврдено дека илегално влегле во Република Северна Македонија.
– Тие биле пренесени во Прифатниот центар Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка, соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
По целосно документирање на случајот против Ф.А ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева