Лекар нападнат при интервенција во Кавадарци
Објавено на 3 септември, 2021 во 14:35
Лекар од Итна медицинска помош од Кавадарци додека бил на работа заедно со неговиот медицински тим и вршеле интервенција на улица „Браќа Џунови“ во Кавадарци, бил нападнат од триесет и едно годишниот Џ.Д. Лекарот случајот го пријавил во ОВР Кавадарци, во текот на вчерашниот ден, 2 септември.
Според директорот на ЈЗУ Општа болница Кавадарци, Д-р Диме Коцев, станува збор за вербален напад во којшто освен викотници и навреди за среќа не се случило екипата на Итна медицинска помош да биде нападната физички.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева