Лишен од слобода Демиркапиец за неред во казино
Објавено на 2 април, 2024 во 11:27
Полициски службеници на ОВР Неготино, вчера доцна попладне, го лишиле од слобода С.П.(36) од Демир Капија, постапувајќи по претходна пријава од М.Ј.(42), вработена во казино во Демир Капија.
Според пријавата на вработената во казиното С.П и се заканил и фрлал предмети од инвентарот во казиното.
Приведениот бил задржан во полициска станица. Полицијата известила Јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Убавка Јаневска