Лишени од слобода двајца прилепчани кај село Степанци, носеле оружје без дозвола

Објавено на 13 јануари, 2022 во 11:45

При контрола на возило „лада нива“ со прилепски регистарски ознаки, полициски службеници од Полициско одделение Чашка, на 11 јануари, годинава, пронашле две ловни пушки и соодветна муниција. Полициските службеници ги лишеле од слобода возачот на возилото, педесет и девет годишниот М.Ѓ и неговиот сопатник, триесет и шест годишниот Д.Т од Прилеп бидејќи не поседувале дозвола за оружјето.

-Претресот бил извршен околу 17:00 часот на подрачјето на село Степанци, Чашка, во близина на манастирот „Св. Димитрија“, соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Тој додава дека лицата се приведени во полициска станица, оружјето им е одземено и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.