Македонија можела и сеуште може да се спаси од жешката еколошка точка – депонијата на ХИВ кај Згрополци, тврдат независни и експерти на ГИМ

Објавено: 27 септември, 2025, во 12:18 часот

Дваесет и две години депонијата со фосфогипс на ХИВ стои неискористена и ја загадува животната средина иако имала можност да биде преполовена доколку скопска цементарница „Титан Усје “ користела количини што и биле потребни за една од суровините на производството. Според Трајче Стафилов, пензиониран професор доктор на Природно математички факултет при УКИМ, депонираните количини на фосфогипс можат да се извезуваат.

-За пример ќе ја земам солунската Цементарница иако постојат и други во соседството кои што фосфогипсот можат да го користат како една од потребните производствени суровини со што и депонијата на поранешната Хемиска Индустрија Велес, кај село Згрополци во општина Градско побрзо би се исчитила, наместо да се затрупува и со што ќе се заштити и животната средина, додаде Стафилов.

Ова е само едно од повеќето експертски решенија за спас на Македонија од една од 16-те мапирани еколошки жешки точки со околу 2 милиони тони фосфогипс. Пензионираниот професор и македонски експерт за заштита на животна средина беше дел од експертите кои земаа учество на работилница во Јуроп Хаус Велес на тема „Гласови за промена: истражување на решенија за депонијата од Хемиска индустрија Велес”. Станува збор за проектна активност на FIC-Fighters – истражувачки иновативен проект, финансиран од ЕУ којшто во Македонија го спроведува Градежниот Институт Македонија (ГИМ) како еден од вкупно 25 партнери.

Истражувачите на FIC-Fighters развиваат методи за валоризација на фосфогипсниот отпад за производство на одржливи суровини за индустриите за хартија, цемент, батерии, ѓубрива и детергенти.

Целтта на проектот е истражување и развој на нови технологии за можна реупотреба на отпадот од фосфогипс за што Проф д-р Златко Илијовски од ГИМ рече:

-Се развиваат технологии по концептот на циркуларна економија од таа „секундарна индустриска отпадна суровина“. Ги потенцирам наводниците затоа што во поранешната законска регулатива овие суровини беа категоризирани како отпад но сега добија нова терминологија поточно секундарни отпадни суровини. Затоа што од  отпадот фосфогипс можат да се добијат други врсти на производи кои можат да најдат примена во индустријата за производство на детергенти, во цементната индустрија, во производство на хартија и на вештачки ѓубрива. Реализацијата на проект нема дирекно решение како што е отпадот фосфогипс некој ќе го земе или депонијата ќе се покриеи заштити животната средина туку развивање на нови технологии за реупотреба. Тоа се прави на Градежен Институт Македонија,“ рече Илијовски.

Проектот претставува преседан за инклузивна и визионерска еколошка акција во Европа и пошироко. Се реализира и преку работилници на коишто се вклучуваат граѓаните и граѓанските здруженија со што се инциира зајакнување на гласот на граѓаните со цел за вреднување на нивното знаење и перцепци како и нивните очекувања за иднината на овие депонии. Работилници со граѓаните, на кои особено важено е постоењето на оптимизам за наоѓање на решенија, ќе се реализираат на уште пет европски локации бидејќи проектот анализира шест студии на случај од постоење на отпадот фосфогипс. Станува збор за локации во Португалија во Бариљо, во Италија, во Србија во градот Кутина, во Хрватска, во Романија освен во близина на Велес, во Македонија. Подготвен сумарен извештај ќе биде дистрибуиран до сите вклучени страни во проектот особено до локалната заедница како и до надлежните државни институции.

Фабриката за вештачки ѓубрива, од чие производство е создадена депонијата со околу 2 милиони тони гипс, имаше производство од 1979 до 2003 година, кога беше затворена. Депонијата е на површина од 70.000 м², во близина на реката Вардар, кај село Згрополци на само 12 км од Велес. Според експертите областа на која што се наоѓа депонијата е сериозен еколошки предизвик, но и уникатна можност за одржливи стратегии за намалување на отпадот, примена во алтернативни производи и бенефит за локалната еконимија.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.