Малолетничка се здобила со тешки повреди по пад од мотор во Велес, препратена во Скопје
Шеснаесет годишна малолетничка која била сопатничка се здобила со повреди глава и рамо по пад од мопед, вчера, на улица „Вардарска“ во Велес. Моторот бил управуван од друг малолетник и удрил во тротоар по што паднале на коловозот. Во 22:00 часот велешанката била однесена во велешка болница и прифатена од страна на екипа од Ургентна единица по што и биле направени прегледи.
-Пациентката е донесена како последница на сообраќајна незгода, пружена и е медицинска помош во Ургентен центар по што е пратена на Одделение за радиодијагностика и направена и е компујтерска томографија на глава и лице скелет по што и се констатирани сериозни повреди и со амбулантно возило на ЈЗУ Општа болница Велес е препратена на понатамошно лекување на Неврохирургија во Скопје, рече Марина Андова портпаролка на велешка болница.
Сообраќајната незгода била пријавена во Сектор за внатрешни работи Велес во 21:40 часот.
-На 10.07.2024 околу 21.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на улица „Вардарска“во
Велес, мопед „џонвеј“ со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник, удрил во
тротоар и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила
малолетна сопатничка, а возачот на мопедот се здобил со телесни повреди, констатирани
во болница во Велес, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.
Оттаму додаваат дека увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
Дума.мк