Малолетник физички нападнат во Кавадарци
Објавено на 30 август, 2021 во 13:52
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека во текот на вчерашниот ден во ОВР Кавадарци биле пријавени две тепачки.
Првата тепачка ја пријавил седумнаесет годишник од село Дреново којшто претходната ден, 28 август, околу 23:30 часот бил физички нападнат од дваесет и едно годишниот Х.Ј и две години постариот Ф.Б и двајцата од село Дреново.
Истиот ден, околу 11 часот, педесет и четири годишна жена од Кавадарци пријавила дека во семејниот дом во Кавадарци била физички нападната од нејзиниот педесет и девет годишен сопруг Н.О.
По целосно документирање на двата случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави.