Малолетник од Кавадарци сликал кредитни картички на двајца мажи и потрошил вкупно 12.248 денари

Објавено на 13 февруари, 2024 во 14:57

Седумнаесет годишен кавадарчанец во текот на месец јануари во соблекувална на сала за вежбање во Кавадарци сликал две банкарски картички преку кои се стекнал со противправна имотна корист од вкупно 12.248 денари.

-Имено, на 23.01 2024 во соблекувална на сала за вежбање во Кавадарци ги сликал банкарските картички на 45-годишник од Кавадарци, по што во својот дом извршил повеќе трансакции и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 8948 денари. Исто така, на 26.01.2024 на истиот начин оштетил и 42-годишен жител на Кавадарци и со повеќе направени трансакции се стекнал со противправна имотна корист од 3.300 денари, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.

Оттаму додаваат дека Одделение за внатрешни работи Кавадарци до Основното Јавно Обвинителство Кавадарци поднеле писмено известување за 17 годишниот кавадарчанец поради постоење на основи на сомнение за сторени две кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“, казниво по член 251 од Кривичниот законик.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.