Малолетно дете физички нападнато на игралиште во Велес
Објавено на 22 февруари, 2023 во 13:17

Сектор за внатрешни работи Велес информира дека четириесет годишната велешанка М.Т, вчера, 21 февруари, во 18:00 часот пријавила дека претходниот ден околу 19:00 часот на игралиште во средно училиште во Велес, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од Л.С, М.Н и еден малолетник.
Оттаму додаваат дека се работи на расчистување на случајот.
Стефани Манева
