Маж извршил две тешки кражби во Велес
Објавено на 2 март, 2023 во 11:58
Сектор за внатрешни работи Велес соопшти дека вчера, полициски службеници го лишеле од слобода четириесет и пет годишниот С.М од Штип. Тој се сомничи дека на 27.02.2023 и на 28.02.2023 извршил две тешки кражби во два деловни објекта во Велес.
-Имено, на 27.02.2023 и на 28.02.2023, со употреба на сила и подесен алат тој влегол во два продажни објекта, при што одзел пари и други производи, пишува во соопштението на МВР.
Крадецот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
Стефани Манева