Маж од неготинско село предизвикал пожар и се заканувал на своите родители
Објавено на 28 мај, 2024 во 10:48
Дваесет и седум годишниот М.А од неготинско село, вчера, во 11:30 часот од страна на полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Неготино бил лишен од слобода.
Тој бил пријавен дека во семејниот дом се заканувал на своите родители а потоа предизвикал и пожар којшто го изгаснала неговата мајка.
Од Сектор за внатрешни работи Велес додаваат дека М.А бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и Центарот за социјални работи Неготино.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк