Маж од неготинско со џип удрил во возило а потоа и во човек

Објавено на 24 септември, 2024 во 12:11

Четириесет и две годишниот Д.Д од село Криволак, неготинско, во Одделение за внатрешни работи Неготино пријавил дека во селото Б.М со неговото возило „џип“ удрил во неговата кола „фолксваген голф“ а потоа пред неговиот дом, Б.М со истото возило удрил и во него.

Д.Д случајот го пријавил вчера, во 09:40 часот а објаснил дека се случил вечерта околу три часот по полноќ.

Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.