Маж пронајден починат во неговиот дом во Градско

Објавено на 23 јануари, 2024 во 12:07

Сектор за внатрешни работи Велес соопшти дека вчера, во 20:30 часот било пријавено дека седумдесет и девет годишниот М.Ј бил пронајден починат во неговиот дом во населба Градско – Велес.

-Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Велес, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.