Маж тешко повреден во сообраќајна незгода на автопатот А1 во правец Велес – Градско
Објавено на 24 март, 2023 во 12:49

Триесет и шест годишен скопјанец Б.Д, вчера,со автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки, излетал на автопатот А1 во правец Велес – Градско.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Општа болница Велес.
Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека по овластување на јавен обвинител увид извршила екипа од СВР Велес.
Стефани Манева
