Мобилни тимови на велешки Црвен крст ќе вршат услуга на стари лица
Објавено на 14 ноември, 2022 во 10:24
Двајца волонтери ќе бидат дел од мобилните тимови за поддршка на стари лица на Црвен Крст на РСМ, Општинска организација Велес, коишто од денеска, 14 ноември до 10 декември, секој работен ден од 09:00 до 13:00 часот, ќе вршат бесплатна достава за набавка на храна, хигиенски производи како и лекови.
Сите граѓани коишто имаат потреба и се заинтересирани, можат да ги контактираат волонтерите на Црвен крст по што на домашна адреса ќе им биде доставена направената нарачка.
Оваа активност се организира како дел од одбележување на „Неделата за грижана стари лица“ којашто започнува денеска и трае до 20 ноември.
Мобилните тимови за поддршка на стари лица може да ги добиете на следниот телефонски број:
043/231-537
Стефани Манева