На летната крводарителска акција во Велес собрани 176 крвни единици

Објавено на 23 август, 2022 во 11:05

На традиционалната летна крводарителска акција којашто се реализираше два дена по ред во Ликовен салон, велешани повторно ја покажаа својата хуманост и желба да спасат нечиј човечки живот. На првиот ден од акцијата, поточно неделата, 21 август, биле собрани 116 крвни единици и на вториот ден, 22 август,  уште 60 крвни единици.

-Најголем дел од дарителите се повеќекратни, но имаше и 16 крводарители коишто за прв даруваа крв и станаа дел од најголемото хумано семејство. Од вкупниот број, во двата дена од летната крводарителска акција 30 проценти беа жени, соопштија од велешки Црвен крст.

Оваа крводарителска акција заеднички ја реализираа Црвен крст на РСМ Општинска оганизација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, помогнати од Општина Велес и Народен музеј.

За време на дводневната летна крводарителска акција учество земале и 14 волонтери од Црвен крст Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.