На територија на СВР Велес казнети 45 возачи за брзо возење
Објавено на 10 мај, 2022 во 10:51
Акциска контрола на возачки коишто управуваат возила со брзина поголема од пропишаната била спроведена, вчера, на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес. За време на акцијата, полициските службеници санкционирале 45 возачи.
-Од нив седум возачи ја пречекориле пропишаната брзина во населено место, а 38 надвор од населено место. Притоа, три возила се санкционирани за движење со брзина поголема од 50 километри на час над дозволеното. На сите прекршители изгготвени им се соодветни поднесоци, пишува во дневниот билтен на МВР.
Оттаму информираат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Стефани Манева