На територија на Велес, казнети 22 возачи што возеле без возачка дозвола, пет под дејство на алкохол

Вкупно сеумдесет и еден возачи, на територија на општина Велес, вчера, биле санкционирани за не почитување на сообраќајните правила и прописи во акциска контрола. Сектор за сообраќајни работи при Оддел за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообрачај од 14:00 до 20:00 часот ја спроведувале акциската контрола.
-При контролата санкционирани се 71 возач, од кои 22 за возење без возачка дозвола, шест санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, девет мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), пет санкции за возење под дејство на алкохол… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, соопштија од Министерство за внатрешни работи.
Оттаму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.
Стефани Манева
