Четири години процес на деинституционализација во Неготино!
Четири години Центарот за подршка на лица со пречки во менталниот развој “Порака“ од Неготино успешно го спроведува процесот на деинституционализација.
Така им се овозможува на лицата по долгогодишен престој во Специјалниот завод во Демир Капија да продолжат да живеат во станбени единици кои се отвораат со поддршка на Министерството за труд и социјална политика.
Процесот е дел од Националната стратегија на Македонија за периодот до 2018-та година и со него им се овозможи на 60 лица со ментален хендикеп од специјализирана установа да се сместат во домови кои се специјално оспособени за нивните потреби.
Вселувањето на лицата со пречки во развојот во заеднички дом претставува вистински чекор за вклучување во заедницата. За нив се грижат педагози, психолози и социјални работници а штитениците пак им помагаат во домашните работи и одржувањето на хигиената во домот. Лицата кои ги користат овие услуги добиваат 24-часовна поддршка од страна на обучени асистенти кои им пружаат услуги согласно со нивните потреби.
До крајот на проектот, предвидено е од Заводот во Демир Капија, 192 штитеници да се сместат во станбени единици. За нив ќе се грижат 7 служби за поддршка во домувањето во различни градови низ земјава. Очигледно свеста за тоа дека “сите сме еден свет” по многу настојувања успеа да ги избрише предрасудите околу разликите. Овој процес е дел од Стратегијата на Република Македонија за деинституционализација на лицата со пречки во менталниот развој, во периодот од 2008 до 2018 година.т.