Неготинци ќе добијат мултинаменско игралиште kaj „Саат Кула“

Објавено на 3 октомври, 2013 во 13:57

Во завршна фаза е повеќенаменското спортско игралиште за ракомет, фудбал и кошарка, во неготинската населба Саат Кула, а според очекувањата на локалната самоуправа, во употреба ќе се предаде до 8-ми Ноември, празникот на општината.

Спортските терени на мултифункционалното игралиште ќе пружат можност и за ноќно спортување со тоа што се поставуваат рефлектори кои ќе го осветлуваат просторот.

Од општина Неготино велат дека со овој проект ќе се создадат услови за спорт и рекреација на жителите од овој дел на градот, но и на сите заинтересирани, како од Неготино, така и од околината.

Вредноста на проектот е 7 милиони денари, а работите ги изведува фирмата „Жикол“ од Струмица. Спортскиот објект, воедно е инвестиција на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија./A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.