Во Неготино легализирани 750 дивоградби

Објавено на 18 декември, 2013 во 15:46

750 дивоизградени објекти  се легализирани во Неготино согласно на законската регулатива за легализација.

Раководителот на одделението за урбанизам и животна средина при неготинската локална самоуправа, Снежана Цветкова нагласи дека имале добиено за работи околу 2.000 барања.

 

– Голем дел од нив се во постапка на разгледување. Има и такви кои се одбиваат. Одбивањето е заради различни основи. Така на пример за некои објекти Советот не донесува одлука поради нивно невклопување во урбанистичкиот план. За други пак легализацијата не е можна поради тоа Што објектот не е градежна функционална целина, информира Цветкова.

Се бележат и случаи  кога постапките за легализација се стопирани поради нерасчистени односи како на пример имотно правен спор. Цветкова објаснува дека кај таквите предмети најпрво  се чека да се реши проблемот кој ја кочи легализацијата и доколку се е во ред, објектот ќе бил  легализиран.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.