ЈЗУ Здравствен дом – Неготино набави ново санитетско возило

Објавено на 23 ноември, 2020 во 11:59

127184500 2657267231250733 843467543260619361 o

23.11.2020

Со цел полесно справување со пандемијата, но и поради потребата од нови возила, ЈЗУ Здравствен дом – Неготино, со сопствени средства успеа да обезбеди ново санитетско возило. Возилото ќе биде веднаш ставено во функција на граѓаните за кои ќе постои потреба од итен медицински и безбеден транспорт.

Известувањето од ЈЗУ Здравствен дом – Неготино го пренесуваме во целост:

 “ЈЗУ Здравствен дом – Неготино  и понатаму продолжува со максимална одговорност, опременост и ангажирање на целокупниот здравствен персонал да излегува во пресрет на потребите на населението во Општина Неготино и Демир Капија.

За таа цел, заради дотраеност на постоечките, а зголемена потреба од санитетски возила, успеавме со сопствени средства да извршиме набавка на ново санитетско возило кое веднаш се става на потребите на населението.

Почитувани граѓани и покрај големиот број КОВИД-позитивни во нашата општина ние успеваме да се носиме во секој поглед со огромниот предизвик.

Вас ве замолуваме:

-почитувајте ги превентивните мерки;

-не излегувајте непотребно од вашите домови;

-воздржете се од групирања и непотребни контакти;

Само заеднички ќе го надминиме овој тежок период за сите нас.

Да се чуваме сите заеднo”, апелираат од ЈЗУ Здравствен дом – Неготино.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.