Нивото на река Вардар во Велес, денеска, за 14 сантиметри над просекот за месец јануари

Објавено на 22 јануари, 2024 во 12:22

Водостојот на реката Вардар е повисок од просекот за овој месец на речиси сите мерни места, покажуваат податоците од мерењата што ги врши Управа за хидрометеоролошки работи. Во Велес, просекот за месец јануари изнесува 82 сантиметри а во текот на вчерашниот ден, 21 јанури, биле измерени 114 сантиметри, додека денеска, на 22 јануари измерени се 96 сантиметри.

Исто така, зголемен е водостојот и во Јагуновце кадешто денеска се измерени 122 сантиметри а просекот е 86 сантиметри, во Скопје кадешто се измерени 102 додека просекот е 98 и во Демир Капија кадешто се бележи најголема разлика, поточно денеска се измерени 146 сантиметри а просекот за месец јануари изнесува 86 сантиметри.

Повисок востостој се бележи кај реките Пчиња, Струмица, Радика и Црн Дрим, додека понизок водостој од просекот за овој месец се бележи кај реките Брегалница, Треска и Црна Река. Кај останатите реки тие или се во рамки на декемврискиот просек или под него.

Кај езерата зголемување на водостојот се бележи кај Дојранското, кај Преспанското е понизок, а кај Охридското езеро водостојот е во рамки на просекот.

Според податоците од УХМР, температурата на Охридското езеро измерена утрово е 6 степени Целзиусови, на Дојранското 5 и на Преспанското 3 степени. Температурите на сите Охридското и Преспанското Езеро се под просекот за јануари, а на Дојранското Езеро е повисока од јануарскиот просек.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.