„Носи кацига, вози внимателно“ – превентивна активност на СВР Велес

Објавено на 11 јули, 2024 во 14:47

Отсекот за превенција при СВР Велес, Одделението за полиција Велес и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес, заедно со РСБСП и мото клубови од Велес и Кавадарци на подрачјата на овие градови реализираа превентивна активност „Носи кацига, вози внимателно“.

-Основната цел на активноста беше зголемување на сообраќајната култура преку потсетување на сообраќајните правила, прописи и обврски за внимателно и одговорно учество во сообраќајот, а посебен акцент беше даден на носењето на кацига, како на возачите на мопеди или мотоцикли така и сопатниците, како и нејзиното значење за безбедноста на учесниците во сообраќајот. Членовите на мото клубовите ги споделија и нивните искуства, пред се на младите возачи на мопеди или мотоцикли, потенцирајќи ја важноста од носење кацига, соопштија од Министерство за внатрешни работи.

За време на активноста биле поделени и едукативни летоци изработени од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. 

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.