Обид за обљуба врз малолетничка, физичка пресметка и висок број на казни за не носење на маски

Објавено на 10 мај, 2021 во 15:08

Во Сектор за внатрешни работи Велес, на 9 мај, недела, од И.К. (53), било пријавено дека на 8 мај, сабота, на улица „Орце Шутев“ нејзината седумнаесет годишна ќерка била нападната од едно лице кое се обидело да изврши обљуба врз неа. За настанот бил известен Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

Во текот на истиот ден, на местото викано „Костурница“ настанала физичка пресметка помеѓу М.Р. (35) и двајца малолетници.

-По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Верољуб Додевски, потпарол на СВР Велес.

За непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 77 граѓани. Од нив, 55 се велешани и по 11 кавадарчани и неготинци.

За непочитување на забраната за движење за време на полициски час, нема регистрирано ниту еден граѓанин.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.