(Обновено) ЦУК: Пожарот над село Мелница, кај месноста „Ливаѓе“ е изгаснат

Објавено на 24 февруари, 2024 во 10:50

Регионалниот ЦУК Велес информира дека во 10:10 часот шумарските работници на ЈП „Национални шуми“ – Подружница „Бабуна“ од Велес известиле дека пожарот над село Мелница е изгаснат.

Врнежите од дожд го изгаснале пожарот. На локацијата на која гореше пожарот ,месност „Ливаѓе“, имало уште мал дел од опожарени трупци кој чадат. Дождот што и во моментов врне, се очекува целосно да го изгасне пожарот.

Пожарот се запалил вчера, околу 15:40 часот,  на локација која има непристапен терен.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.