(Обновено) Жена му ги одзела парите на мажот кој утрово беше пронајден починат кај мост „Гемиџии“
Објавено на 1 март, 2024 во 14:10
Кај мост „Гемиџии“ утрово беше пронајдено тело на починат маж. Според пријавата во Сектор за внатрешни работи Велес откако мажот паднал до него се доближило женско лице кое му ги одзело парите по што го напуштило местото.
-На 01.03.2024 во 10.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на улица „Илинденска“ во Велес бил пронајден починат Т.Ѓ.(54) од Велес. Според пријавеното, откако паднал до него се доближило женско лице, кое му одзело пари, по што го напуштило местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Стефани Манева