Пронајдено тело на починат маж кај Нов мост во Велес

Пред дуќаните на Нов мост „Гемиџии“ во Велес, утрово е пронајдено тело на починат маж Т.Ѓ. Од Итна медицинска помош соопштија дека во 09:50 часот од страна на граѓани добиле повик за лице во безсознание во близина на Агенција за вработување.
-Во Итна медицинска помош добивме повик за лице паднато кај Агенција за вработување, но нашата екипа го пронајде горе, кај дуќаните во близина на ДОЗ. Констатирана е смрт на машко лице, родено 1970 година без траги на насилство, соопшти др. Васе Панова Поп-Стефанова раководителка на Итна медицинска помош.
Од Сектор за внатрешни работи Велес потврдија и соопштија дека случајот кај нив е пријавен од страна на лекар на медицинска помош дека на улица „Илинденска“ во близина на ДОЗ на тротоарот е пронајдено починато лице.
Стефани Манева
