Официјализиран вториот мандат за Градоначалник на Колев и на 23 членови на новиот состав на Совет на Општина Велес (видео и фото)

Со врачување на Уверението за избор од страна на претседателот на Општинската изборна комисија Велес, Пепи Димков на Градоначалникот Марко Колев официјално, потврден му е неговиот втор мандат. Исто така Уверенија за избор, согласно резултатите од Локалните избори, одржани на 19 октомври, годинава, добија и 23 членови на новиот состав на Совет на Општина Велес. Димков им упати честитки и посака успех во работата во наредниот четиригодишен мандат.

На свечениот настан Градоначалникот Колев, потенцираше дека како Комисијата така и Општина Велес, покажаа капацитет за организација и реализација на демократски процес на избори на кои граѓаните им дадоа максимална доверба со 11 илјади гласови разлика на кандидатот за Градоначалник и на 16 кандидати за членови на Советот на Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Исто така, додаде дека ќе биде достапен за сите граѓани, ќе соработува со сите советнички групи и издвои реализација на само на неколку позначајни проекти.
Според Колев, капиталниот проект нов Градски пазар е проектот за којшто смета дека е обележје на неговиот прв градоначалнички мандат иако во неговата реализација своја заслуга имаат и претходните двајца градоначалници на Велес.

На свеченоста, исто така, Уверенија им беа врачени и на 23 членови на новиот состав на Совет на Општина Велес. Шеснаесет од нив, апсолутно мнозинство, се од Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, по тројца се од Левица и коалиција предводена од СДСМ како и еден е од партијата ЗНАМ.
Од Коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ членови на Советот се Даниел Јаневски, Лилија Чолакова Дервишова, Весна Атанасовска, Нада Јованова, Жарко Манасков, Елизабета Митревска Анѓелеска, Александар Илиевски, Маја Демерџиева, Изабела Апцева, Игор Стојанов, Селма Амедоска, Слободан Ников, Ивона Јовиќ, Мартина Стаменкова, Васко Гетов и Благојка Наунова.
Од Коалиција предводена од СДСМ членови на Совет на Општина Велес се Јованче Манасков, Мирјана Петрушевска Савова и Драган Стојанов.
Од Левица членови на Совет на Општина Велес се Димче Ацков, Звезданка Пешиќ и Анета Стајиќ.
Движење ЗНАМ во Совет на Општина Велес ќе го претставува Милка Панова.
Убавка Јаневска


