Ограбени три канцеларии во „Синдикална зграда“ во Велес
Објавено на 13 септември, 2023 во 12:41
Со употреба на сила, вчера, во временски период помеѓу 14:00 часот и утрово во 8:30 часот непознати сторители влегле и извршиле тешка кражба во три деловни простории во поранешната Синдикална зграда.
Крадците одзеле повеќе предмети од канцеларии на граѓански организации кои се смесени на првиот кат на зградата којшто сега е во сопственост на Општина Велес.
Од СВР Велес соопштија дека е направен увид на лице место.
„Се преземаат мерки за расчистување на случаите,“ рече портпаролката Билјана Ѓаковска.
Зградата се наоѓа во строгиот центар на Велес, на главната улица „8 Септември“, иако влезот е страничен поточно од улица „Цар Самуил“.
Убавка Јаневска