Опаѓа бројот на болни ковид пациенти во велешка болница
Објавено на 12 јануари, 2022 во 10:55
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 24 ковид пациенти од кои 11 се потврдени позитивни, пет пациенти се сомнителни и осум пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
Во изминатите 24 часа примени се тројца пациенти на болничко лекување и шест пациенти се испишани како оздравени.
-Една пациентка на 25 годишна возраст е пренесена во Општа хирушка болница во Скопје поради позитивен ковид антигентски тест како и стомачни потешкотии поради Ac appendicitis, слепо црвено, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.
На кислородна поддршка се седум ковид пациенти.
Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 17 пациенти и на Интерно Б одделение седум пациенти.
Стефани Манева