Опожарено возило на Којник на полициски службеник во Велес

Објавено на 21 мај, 2024 во 14:33

Велешанецот К.Т.(32) рано утринава, во 2:00 часот, во Полициска станица Велес пријавил дека на ул: „Благој Страчковски“ во Велес било опожарено неговото патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки.

„Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица нема. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес. Се преземаат мерки за расчистување на случајот,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Јавниот обвинител за подрачјето на Велес, Цветанка Богоевска, потврди дека по извршениот увид за кој бил известен обвинител се превземаат дејствија за откривање на сторителот на кривичното дело и дека опожареното возило е сопственост на полициски службеник.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.