Осветена црквата „Свети Петар и Павле“ во село Бистрица (фото)
Објавено на 8 мај, 2023 во 13:23
Свештениците и Владиката Агатангел ја осветија вчера црквата во селото. На чинот на осветувањето присуствуваа жители на селото како и поголем број на граѓани кои се родени во Бистрица а сега живеат во Велес или во други градови во Македонија.
Црквата е изградена на иницијатива на жителите на селото. Исто така тие беа домаќини на осветувањето. Нивните очекување се обновениот духовен храм да биде што почесто посетуван како од жители на општините Чашка и Велес така и од туристи, домашни и од странство.
Црквата е изградена на локација која што е опкружена со недопрена и живописна природа.
Убавка Јаневска
Фото галерија