Откриен странски државјанин во Велес кој нелегално влегол во Македонија, полицијата интервенирала при физички напад

Објавено на 8 јануари, 2024 во 13:02

Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес при извршена проверка на Т.О.(49) од Република Албанија, во саботата, на 6 јануари, утврдиле дека нелегално влегол и не го регулирал престој во Македонија.

По насока на Основен суд Велес, Одделение за прекуграничен криминал, странци и реадмисија Велес изготвено е решение за протерување на странец и забрана за влез во државата, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.

Полициски службеници го спровеле албанскиот државјанин до Полициска станица за граничен премин Ќафасан.

Според Ѓаковска, вчера, 7 јануари, во 13:00 часот А.М.(24) од Велес пријавил дека околу 12:30 часот на улица „Петре Прличков“ во Велес, бил физички нападнат од Р.А. Според пријавеното, причина биле меѓусебни должничко-доверителски односи.  Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.