Отворен ден на ОСУ „Јовче Тесличков“ – влезната училишна врата ширум отворена за идните економисти и бизнисмени (фото и видео)

Објавено: 6 мај, 2026, во 13:13 часот

Понуда составена од образование кое одговара на потребите на пазарот како резултат на ефективните партнерства меѓу училиштето и јавниот и приватниот сектор, модуларна настава, Дуално образование, Реална работа во реален бизнис сектор, во компании и институции во Велес и Интензивна практична работа во трета и четврта година беше презентирано од страна на учениците и наставниците на ОСУ „Јовче Тесличков“ на Отворен ден за деветтоодделенци.

Задниот училишен двор, од страната на спортската сала и терени заедно со фоајето на училишната зграда денеска беа ставени за пречекување на идните средношколци додека запознавањето со конкретните предности на образовниот процес се одржуваше во училниците. Во двете активности партнери беа наставниците и учениците кои запознаваа, одговараа на прашања и презентираа лични искуства од економското средно образование.

Директорот Васко Трајковски, одговарајќи на новинарските прашања на Дума.мк, ги издвои различностите на ова средно училиште од останатите три поточно кажа зошто на деветооделенците треба да им биде предизвик да учат во средното економско училише.

Новина е тоа што од наредната учебна 2026/27 година учениците на крајот од четиригодишното образование ќе избираат помеѓу четири вида на матурски испит поточно полагање на државна матура, државна стручна матура, училишна стручна матура или завршен испит за тригодишното образование.

Ова училиште има и посебна програма на која и посветува внимание и е предизвик за учениците, освен теорија да имаат и практична цел, создавање и развој на компании, што во суштина значи уште на средношколска возраст да ги тестираат своите знаења за бизнис.

Фотографиите во Галеријата што ја објавуваме ќе го прикажат попластично денешниот Отворен ден во ова училиште.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.