По повод денот на пролетта се посадија нови дрвја во Младински и Градски парк во Велес  

Објавено на 21 март, 2024 во 13:55
Фото: Дума.мк

Во Младински парк на неколку локации, денеска, беа посадени девет дрвја ползавци, поточно од видот стерија, додека во Големиот парк 12 зимзелени дрвја и три албиција листопадни дрвја.

Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев како и директорот на ЈКП „Дервен“ Горанчо Наунчев заедно со останати вработени од општина и од комуналното претпријатие ги посадија дрвјата.

Фото: Дума.мк

Раководителката на Сектор за паркови и зеленило Татјана Петровска објасни дека дрвјата посадени во Младински парк треба да направат цветен ѕид околу поставените железни конструкции.

Фото: Дума.мк

Акцијата беше организирана од Општина Велес во соработка со Јавното комунално претпријатие „Дервен“ по повод денот на пролетта.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.