Почина маж од Ковид-19 во велешка болница
Објавено на 21 јануари, 2022 во 11:54
Починатиот е на 90 годишна возраст од Велес, со ковид пневмонија, хронична белодробна болест и срцева слабост.
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 45 ковид пациенти од кои 37 се потврдени позитивни, четворица пациенти се сомнителни и тројца пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Во изминатите 24 часа примени се 11 пациенти од кои тројца се префрлени од Интерно одделение. Од болничките пациенти на кислородна поддршка се 20, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.
На Инфективно одделение се лекуваат 40 ковид пациенти и на Интерно Б одделение пет пациенти.
Од болничко лекување испишан е еден пациент.
Стефани Манева